ДЕНЕСКА СЕ РЕАЛИЗИРА АВГУСТОВСКАТА ДРЖВНА МАТУРА ВО КОЈА ПОЛАГААТ УЧЕНИЦИ КОИ НЕ ПОЛАГАЛЕ ВО ЈУНИ, НО И КАНДИДАТИЕ ЧИИ МАТУРСКИ ПИСМЕНИ БЕА ПОНИШТЕНИ ПОРАДИ НЕПРАВИЛНОСТИ.
Според информациите на Државниот испитен центар денеска информираше дека вкупно 1.460 ученика денеска полагаат државна матура. Од нив најмногу 1.328 полагаат класична матура, 126 кандидати – стручна, а само 6 кандидати – уметничка матура. Во оваа вкупна статистика се и кандидатите од Битола кои денеска полагаат. Средните училишта се интерно организирани за денешното полагање и за полагањето кое ќе се реализира в петок.
Полагањето на државната матура во Македонија за 2026 година помина под влијание на неколку клучни системски предизвици, кои произлегоа од воведувањето на новиот испитен модел и општите демографски и образовни состојби.
Иако МОН и Државниот испитен центар го оценија процесот како технички успешен, во јавноста се уште се дебатира за неколку клучни проблеми.
Најпрвин заради фактот дека годинава се примени новото законско решение со кое се поделија три различни видови матурски испити: класична државна матура, стручна државна матура и уметничка матура. Ова подразбра дека државата ги промени програмите и обемот на материјалите за различните видови матура, а критиките се во насока дека тоа ги лимитира матурантите во изборот на факултети за продолжување на образованието.
Експертите во образованието повторно го актуелизираа прашањето „што навистина проверуваме со матурата?“ поради незадоволството што сеупте матурата се доживува како формалност за висок просек, а не реално мерило за функционална писменост.
Останаа и другите потенцијални проблеми кога се работи за тестирање – протекување на прашањата, препишување на одговорите, несовпаѓање на оценките со реалното знаење покажано на матура.
Инаку, конечните резултатит во Битола од јунската сесија се движат во рамките на националниот просек информираат од МОН, просек кој годинава изнесува 3,66.
Според резултатите истакнати на огласните табли на средните училишта во градов. Стручните училишта Економски, Техничко, Медицинско годинава покажале супериорност со оценка 3,91, а гимназиите пак со оценката 3.62.











