Утрово -4 степени на Попова Шапка, -2 Лазарополе, Маврови Анови, -1 Крушево, Крива Паланка, 0 Берово, 1 Охрид, Тетово, Битола, 2 Претор, 3 Скопје-Петровец, Прилеп, 4 Струмица, Штип, Виница, 6 Демир Капија, Скопје-Зајчев Рид, 7 Дојран, 11 Гевгелија.
Најмногу дожд 14 л/м2 наврнаа во Виница, 13 Скопје Зајчев Рид, 12 Берово, 10 Скопје Петровец, Штип, 9 Ѓуриште, Тетово, 8 Струмица, Пожаране, 7 Демир Капија, Попова Шапка, 6 Крива Паланка, Маврови Анови, 2 Битола, Прилеп, 1 Гевгелија, Претор, Лазарополе, Попова Шапка.
Во текот на ноќта облачноста се намалуваше, па утрово е сончево. Дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринава ветерот засилува во Штипско и во долниот тек на Повардарието.
Денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени. Во Битола до 16 степени.












