Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец. Температурата на воздухот ќе се движи до 18 степени Целзиусови.
Минималната утринска температура во Битола измерена од УХМР била – 2 степени.
За утре метереолозите од УХМР предвидуваат магливо утро по одделни котлини со минимална температура до 0 степени Целзиусови, а во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневната температура пак ќе достигне до 18 сепен Целзиусов.













