ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА СО ДОЖД И СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ

Утрово -1 степен во Лазарополе, Маврови Анови, 0 Крушево, 2 Берово, Крива Паланка, Претор, 4 Прилеп, Битола, Охрид, Тетово, 5 Виница, 6 Струмица, Куманово, Штип, 7 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, 8 Демир Капија, Гевгелија.

Најмногу дожд 26 л/м2 наврнаа во Пожаране, 16 Претор, 15 Тетово, 14 Маврови Анови, 13 Охрид, Крушево, 12 Скопје Зајчев Рид, 11 Скопје Петровец, 10 Битола, Виница, 9 Крива Паланка, 8 Тополчани, 7 Струмица, 6 Штип, Ѓуриште, Лазарополе, 5 Куманово, Гевгелија, Берово, 4 Прилеп, Демир Капија, 2 Дојран.

Во текот на ноќта и утрово времето беше облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Дуваше слаб ветер од променлив правец.

Денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста делумно  ќе се намали.

Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени. Во Битола до 9 степени.