Во Ресен се реализира манифестацијата „Преспански јаболкобер“. Годинава започна со театарската претстава „Златка и трите мечки“ и драмската претстава „Ум со Ѓум“. Според програмата, во кино салата во Ресен беше отворена уметничка изложба „Низ четката на преспанските уметници“, а веднаш потоа членовите на Драмско студио „Престиж“ кое работи во рамки на Дом на култура „Драги Тозија“-Ресен ја одиграа претставата „Магепсаното момче“. Според традицијата на оваа манифестација во текот на викендот што измина беше откинато првото јаболко од годинешниот род. Освен настапите на неколку културно уметничките друштва, публиката ја забавуваа и Астра Бенд, Кода, Даниел Мехмед, Наум Бумбароски и ДНК, Григориј Прцуловски, Пуш Пауза, Екстраваганза и легендарните „ Дивље Јагоде“ .












