ТЕРА

REKLAMA???

ДОЖД, МАЛКУ ЈУГО, А МОЖЕ И СНЕГ

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец –  вели прогрнозата за денот на УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Денес и утре ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.  Сеуште постои можноста врнежите да бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи.

Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во почетокот на следната седмица утринската температура значително ќе опадне.

Нови локални врнежи од дожд се очекуваат од вторник.