ТЕРА

REKLAMA???

ДОНАЦИЈА НА СИНДИКАТОТ НА РЕК НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ЕМАНУИЛ ПЛУС“

Синдикатот на РЕК Битола денеска донираше лап топ комјутер на Здружението на лица со попреченост „Емануил плус“. Средствата за набавка на комјутерот ги обезбедиле од продажба на секундарни суровини.

„Како Синдикат на РЕК Битола покрај што се грижиме за заштита на правата на работниците и за подобрување на условите на работниците, гледаме да помогниме и на вакви здруженија секогаш и во границите на нашите можности. Овој пат одлучивме да доделиме компјутер лап топ на Здружението „Емануил плус“ на лица со церебрална парализа. Секоја година им даваме пакетчина за Нова Година, овај пат на нивно барање и во комуникација со другите здуженија и за подобрување на условите на здружението доделуваме лап топ за да можат да комуницираат со другите здруженија. Средствата за овај компјутер се собрани од продажбата на секундарни суровини како отпадна трака, отпадни буриња, дрвенарија итн,“ изјави Менде Фидановски, претседател на Синдикатот на РЕК Битола.

Од Здружението се заблагодарија за донацијата.  

„Здружението го сочинуваат родители на лица со попреченост. Голема благодарност, пред се заради тоа што досега не можевме да ги завршиме основните потреби. Имавме побарување до Синдикатот, ни излегоа во пресрет како и тоа што секоја година ни даваат новогодишни пакетчиња, благодарни сме“, изјави Бети Булаковска, претседател на Здружението „Емануил плус“ на лица со попреченост.

Здружението „Емануил плус“ постои 10 години како Здружение на лица со најтешка церебрална парализа. Во него членуваат 26 деца.