Денеска времето променливо облачно со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.Максималната дневна температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени. Во Битола со максимална дневна температура од 13 степени.
Од УХМР информираат дека до недела претпладне ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре на места врнежите ќе бидат пообилни. Од недела попладне и во првите денови од работната седмица ќе настапи преодно стабилизирање на времето.












