ТЕРА

REKLAMA???

ДРОНОВИ ОД ЛИБАН ЈА ПОГОДИЈА ГОЛАНСКАТА ВИСОРАМНИНА

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека неколку беспилотни летала, за кои постои сомневање дека се лансирани од Либан, го погодиле северниот дел на Голанската висорамнина, а во нападот нема повредени.

ИДФ тврди дека истрелала проектили-пресретнувачи на цели кои влегле во израелскиот воздушен простор, но се верува дека не биле соборени дронови, пишува Тајмс оф Израел.

Ракетни сирени се огласиле во неколку градови на северот на земјата, во близина на границата со Либан.

Убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија само ќе ја зајакне борбата за правда за Палестинците, соопшти Организацијата за исламска соработка (ОИК), цитирана од ДПА.

Израел е во состојба на висока готовност и ќе може брзо да одговори на секој напад, изјави денеска началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили (ИДФ), генерал-полковник Херзи Халеви.

-Ќе бидеме во можност да извршиме многу брз напад каде било во Либан, каде било во Газа, каде било на Блискиот Исток, над земја и под земја, изјави Халеви на персоналот на израелската авијација во воздухопловната база Тел Ноф, пренесе Тајмс оф Израел.

МИА