ТЕРА

REKLAMA???

ДУБРОВНИК ОБЕЛЕ, НО НЕ ОД СНЕГ

“Како небото да паднало на земјата. Дубровник обеле, но не од снег, туку од силниот град кој го зафати.“ пишува „Дубровнички весник“

Дубровник вчера околу 11 часот го зафати силно невреме со дожд и град, што предизвика потешкотии на патиштата и ги побеле улиците на градот, особено историското јадро.

Итните служби се на терен, а пожарникарите имале повеќе интервенции.

Денес се очекува разведрување и смирување на времето.

Фото: Дубровнички весник