ТЕРА

REKLAMA???

ДУШКО ЈОВОВИЌ ОД УДОВО ЗА ЖИВОТОТ ВО ВАЛАНДОВСКО

Душан Јововиќ е жител на Удово, Валандовско.

Во себе носи црногорски и македонски гени, се чувствува Србин.

Сиот свој живот чичко Дуле, како што го познаваат сите во пошироката околина, особено тие кои беа на ридчето кадешто е лоцирана спомен-костурницата на валандовскиот масакр, живее во Удово. Неговото семејство е на релација Македонија-Србија, а има и роднини во Битола. Кога бил помлад, често на битолскиот пазар продавал бостан.

Неговиот дедо, сведок на валановскиот масакр пребегал во Америка, зборувал 9 јазици, му кажувале родителите. А ја раскажувал и приказната за Вели Петок 1915 година. Се преселил во Удово од Требиње, и имал многу земја.

Седум  децении има на рамениците чичко Дуле, животното искуство го прави , што би рекле новинарите, релевантен извор за брање совет. Што им порачува на младите?

Пред крајот на нашиот разговор чичко Дуле замоли да ја пренесеме неговата порака до политичарите, до владата конкретно.

На испраќање дозборувавме и за Пелагонија и дека државата може да ни биде убава, само ако економијата ни е поубава. Си ги честитавме празниците и секој со своите мисли и обврски – тој со градината, ние со следното интервју, снимено во Јосифово.

Се што кажа чичко Дуле слушнете во прилогот подолу преку врската што Ве води до YouTube.