ТЕРА

REKLAMA???

ЕВАКУИРАНИ 114 ЛИЦА ОД СПЛАВОТ ШТО ПОТОНА ВО БЕЛГРАД

Нема мртви и повредени на сплавот „Картел“, кој почна да тоне нешто по полноќ кога на него се наоѓаа стотина млади луѓе, изјави началникот на Секторот за вонредни состојби во Србија, Лука Чаушиќ, пишува Макфакс.

Чаушиќ рече дека 114 лица биле евакуирани од припадници на Одделот за вонредни состојби.

Синоќа околу 1:30 часот било пријавено дека сплавот „Картел“ почнал да тоне на реката Сава и дека има неколку стотици луѓе во водата.

Со молскавична акција на сите, како што нагласи, почнала евакуацијата.