Пушачите во ЕУ се под закана од значителен удар, објави „Билд“ кој нагласува дека Европската комисија под водство на Урсула фон дер Лајен ги повикува земјите-членки значително да ги зголемат даноците на тутун.
Целта на мерката е да се намали бројот на случаи на рак и да се намали товарот врз здравствените системи, пишува агенцијата МИА.
Во документот од 196 страници, во кој „Билд“ имале увид, Комисијата повикува на „супресија на потрошувачката на тутун, меѓу другите даночни мерки за намалување на побарувачката“. Во текстот се истакнува дека повисоките даноци би можеле да испратат „ценовен сигнал дека пушењето е навистина штетно и дека треба да се сузбие со сите средства“.












