ТЕРА

REKLAMA???

ЕКСТРЕМНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НЕПОВОЛНИ ЗА ЧОВЕШТВОТО

Aко не зборуваме за топлината, тоа сигурно значи дека зборуваме за студот. Tака барем е во Битола и Македонија кадешто фразата „изгор лето, кочан зима“ е вистина.

Бројот на загинати во Европа од екстремните температури ќе се искачи без климатски активности, предупредуваат научниците, а објавува Euronews. Се предвидува дека смртните случаи од екстремни горештини нагло ќе се зголемат во наредните години, далеку над очекуваното забавување на смртните случаи предизвикани од студ. Екстремните жештини и студ предизвикуваат приближно 407.500 смртни случаи во Европа секоја година, а ако ништо повеќе не се преземе за борба против климатските промени, до 2100 година ќе умираат дополнителни 55.000 луѓе – што е зголемување за 13,5 отсто, според новите проценки на истражувачите на Европската комисија. Анализата претпоставувала зголемување на глобалното затоплување за 3°C, што е на горниот крај од сегашната траекторија, според најновите проценки на Обединетите нации. Тоа е исто така двојно повеќе од целта од 1,5 °C поставена со Парискиот договор.

Euronews