Македонската фудбалска репрезентација со 2-1 ја победи Малта во првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2024, Елмас и Чурлнов беа стрелци на головите за Македонија.
Македонија ја оствари целта, со победа го почна новиот циклус на квалификациите. Момците на Благоја Милевски добро се испотија додека да го пробијат противникот и да дојдат до трите бода.
Пред самиот крај на мечот, селекторот Благоја Милевски доби црвен картон и мораше порано да се повлече во соблекувалната.












