ТЕРА

REKLAMA???

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР ГО ОДБРАНИ ТРОФЕЈОТ ОД СУПЕРКУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Еурофарм Пелистер вечерва во Охрид го победи Вардар со 23-22 (12-12) и го одбрани трофејот во ракометниот Суперкуп. На дуелот одигран во „Билјанини извори“, битолчани беа поснаодливи во финишот и со серија од 3-0 во последните три минути стигнаа до победата. Вардар пропушти напад за израмнување, односно шутот на Филип Талески го одбрани голмнаот на „зелено-белите“ Марко Кизиќ. За Еурофарм Пелистер ова е втор трофеј во историјата на ова натпреварување.

Најефикасен во победничката екипа беше Усама Хосни со седум гола, во редовите на „црвено-црните“ се истакна Талески со 10 погодоци.

Веќе в среда пелистерци го играат заостанатиот натпревар од второто коло на групата Б на Суперлигата против Голден Арт.