ТЕРА

REKLAMA???

ТРОТОАРОТ-МЕ САКА, НЕ МЕ САКА! КОРИТОТО – ЖИВО ОПАСНО БЕЗ ОГРАДА!

Тротоарот – ме сака, ме неќи, тревата – царство природно, коритото – живо опасно без ограда. Ова е сликата што денеска ја регистрира камерата на Тера телевизија, долж гордоста на Битола – реката Драгор.

Поразителана е приказната што би ја раскажала реката Драгор за односот на овие новите Битолчаните од 21 век.  Коритото на реката Драгор долж делот покај општинската зграда, ректоратот, противпожарната , архивот и Горната гимназија, историски најстариот дел кадешто имало вистинска речна промената, сега наликува на заборавена зона.

Најпрвин за реката. Во неа повторно има густа вегетација, изникнати цели „острови“ од некои диви растенија кои се пробиле низ натрупани камени нансои. Камените ѕидови на користото на повеќе места се покриени со вакво неконтролирано израснато растение, што наликува дека корито нема, туку дека се работи за селско поточе покрај пат.  Од страната без ограда, оживеало па чиниш го освојува патот.

Најкритично можеби , и најпрвин видливо е неодржуваниот, несаниран брег . Тротоарската патека од двете страни е деформирана. Познавачите велат од корењата на дрвјата кои пак се оградени со камени граничници, исто така во „во слободна интерпретација“. Пешачката зона на повеќе места има подигнати плошки, на други скршени и отстранети како шаховница, кејот е длапки и нерамнини што го прави опасна зона за движење.

За сликата да биде целосна, дополнителна глетка е навидум  грижата – купчиња суви есенски ( можеби од лани) лисја и ситно губренце кое со тек на време се натрупува едно врз друго во засеците од ограда.

Оградата пак. Од едната страна на реката ја нема. За неа има проект. Но ограда нема. Од другата страна, страната на пешачкиот опасен кеј има зелена ограда со светилки кои не успеале да бидат спасени од урбан вандализам. Можеби некој се обидел да ги надмудри надлежните со надеж дека кога ќе видат графити, ќе постапат кон нивно отстранување и ќе го адресираат влијанието на забот на времето – неуспешно!

Снимките покажуваат што граѓаните од овој дел на градот секојдневно гледаат. А познавачите велат видливо е дека нема експерт кој ќе го одржува речното корито, ќе го санира бехатонот, ќе направи соодветно заштитување на кореновиот систем на дрвјата и ќе нареди редовно чистење на комуналниот отпад како основна обврска.