Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 беа доминантни против Голден Арт (25-21) и ја запишаа шестата победа во групата Б на ракометната Суперлига на Македонија. На двете страни беа забележани по неколку грешки и само два гола по осум минути игра за водство на Голден Арт од 2-0, по што нападите на двете екипи влегоа во форма и набрзо Пелистер 2 стигна до пресврт (6-5), а предноста до паузата ја зголеми на 13-10.
На почетокот на вториот дел, во 32 минута црвен картон заработи членот на Голден Арт, Марко Трајковски поради груб старт на Мартин Ивановски. Еурофарм Пелистер 2 бргу се одлепи на 17-11 и лесно го приведе натпреварот кон крај со победа од 25-21.
Буторац остана на петте гола од првото полувреме, колку што постигнаа и Петар Атанасијевиќ и Дејан Кукуловски, додека Стефан Талевски беше прв стрелец кај битолчани со шест погодоци. Во редовите на Голден Арт се истакна Мице Шилегов со шест погодоци.
Со оваа победа тимот на Александар Јовиќ се наоѓа многу блиску до математичка потврда на плеј-офот.












