ТЕРА

REKLAMA???

ЖЕСТОКА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ

Жестока и контроверзна вонредна седница на Советот на општина Битола го креира политичкиот дух во градот. Советниците на Левица, Поинаку и СДСМ го обвинија претседателот на Совет Бојан Бојкоски од ВМРО-ДПМНЕ за „ подметнати точки“ и, не дадоа легитимитет на донесените одлуки за прашања од урбаното живеење кои не беа изгласани од претходниот состав на Советот.

На вонредната седница наместо една,  како што неформално беше најавена,  на дневен ред се појавија 11 точки, сите разгледувани од комисиите во претходниот состав на локалната самоуправа и неизгласани од претходниот состав на советници. Расправата започна со надмудрување за процедурата, без вистинско гласање за потребата за одржување на вонредна седница. Гаврил Трајковски се повика на членови од Статутот, Бојковски на членови од Деловникот.

Незадоволни од начинот на работа, советниците на Левица ја напуштија седницата, веднаш по своите дискусии и советниците на СДСМ, и советниците на ПОИНАКУ.  Иван Чулаковски како советник и во претходниот мандат даде појаснување што формулацијата на точките значи суштински, Софија Ристевска Петрушева од СДСМ повика дека како нов советник неа и на нејзини колеги им е потребно време да ги проучат материјалите кои ги добиле еден саат пред почетокот на  седницата,а  Димитар Кузмановски од ЛДП  да се одложат точките кои не значат прием на донација за некој следен период.

Претседателот Бојковски ги игнорираше барањата за транспарентност, дебата и најмногу за одлагање на точките кои не се однесуваат на прифаќање средства за одредени проекти. Тој на сево ова во својата дискусија скоро по сите точки кои ги објаснуваше како еден од советниците кои сведочеа на дебатите и во претходниот советнички состав, се обрати на граѓаните кои „треба да знаат дека проблемите не се решаваат со „бегање“.

И дневниот ред и сите точки на дневен ред беа изгласани од 20 советници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и независната ГРИН. А изгласаа:  не само грант од САД за доградба на новата противпожарна зграда, туку и : за пренамена на пари за проектот смарт фор ју ту, локален  акцвионен план за животна средина до 2030 година , одлука за измирување односно пренасочување на средства од Буџетската сметка на Општина Битола, Одлука за Нацрт ДУП за четврт Запад 8 – простор кадешто се зборуваше дека ќе се гради спортски комплекс, одлука за воспоставување зонско паркирање кај ЈАТ, одлуки за закуп и постаљвивање на билборди, Одлука за пренесување на право за градење.