Во сите основни и средни училишта во Битола и државата започна утринава и ќе трае до 10 јуни со исклучок на учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 16 мај. Зимскиот одмор за учениците започнува на 31 декември, а завршува на 19 јануари. Летниот пак, започнува на 11 јуни, а завршува на 31 август.
Според најавите од Министерството за образование и наука, оваа учебна година учениците ќе ја почнат со навремено испорачани учебници кои уште денеска треба да им бидат поделени.
Во 140 училишта наставата ќе се одвива во една смена.
Воведувањето на концепцијата на интегрирани предмети којашто беше најавена за 7, 8 и 9 одделение е одложена, како што вели надлежното министерство, заради збунетоста на настанвниците и учениците од материјата која би им се предавала.
фото: unslpash












