Цените на храната внимателно се следат и засега не се планираат мерки за да се спречи нивното евентуално зголемување, рече заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, пренесува агенцијата МИА.
Тој соопшти дека од досегашните казни за непазарно однесување на трговците, се наплатени 150 милиони денари или 2,5 милиони евра кои се слеани во државниот буџет.
Одговорајќи на новинарски прашања, Ристески најави зголемување на глобите за непочитување на Законот за трговски практики.
Како што објасни, сега пропишаните максимални 20 000 евра се всушност минимална сума, посебно за поголемите синџири маркети кои многу лесно можат да ја поднесат.
Овие законски измени се очекува да бидат донесени и да почнат да важат во почетокот на 2026 година.












