По регистрираниот случај на морбили во државата, зголемен е интересот кај родителите за вакцинација на своите деца против морбили, вели др. Билјана Николовска Мицовска од Здравствениот дом во Битола. Ако пред појавата на случајот се вакцинирале две до три деца од предшколска возраст, сега последната недела значително е зголемен процентот на имунизација.

„ Оваа недела значително е зголемен тој процент, некаде оклу 10- тина родители дневно се јавуваат, а беше помал интересот. Родителите не ја одбиваат имунизацијата против морбили, тука ја одлогаат, наместо на 13 месеци кога треба по програма и календар за имунизација тие го одлагаат тој временски период. Сето тоа е опасност по колективното здравје за населението во нашата околина. Најбитно е е процентот на имунизација да биде над 95% на национално и регионално ниво за да имаме еден добар колективен имунитет. Тоа е она што нас не плаши овај период . Заради пандемијата и заради некои дилеми кај родителите, тие ја одлагаат имунизацијата. Тие ги вакцинираат своите деца меѓутоа малку покасно. Затоа јас сакам да дадам апел до сите родители ако имаат нејаснотии, дилеми во секој момент да се јават во нашиот Здравствен дом кои се достапни и ќе им дадат информации околу заболувањето морбили, околу вакцината“, рече др. Билјана Николовска Мицовска, специјалист по педијатрија од Здравствениот дом во Битола.
Вакцината е комбинирана, штити против три болести: мали сипаници морбили, рубeола црвенка и паротит заушки. Тоа е комбинирана вакцина која што се дава прва доза на 13 месеци полни и ревакцина во школска возраст во прво одделение.
„Во прво одделение имаме одличен одзив кај првачињата со исклучок на некои деца кој што имаат трајни контра индикации, а тоа е многу мал број или пак некој деца кои се настинати. Проблемот ние кај децата од претшколска возраст до 5 години. Тоа е и моментот од којшто треба да се заштитиме доколку настани епидемија од морбили, бидејќи морбилите најмногу предизвикуваат комликации кај деца до 5 години“, вели др.Николовска Мицовска.
Тешко е вели таа да препознаеме дете заболено од морбили.
„ Најпрво има многу долг период на имунизација околу 10 до 14 дена. Во тој период ако лицето е заболено е инфективно за околината. Можеби нема да го препознаеме бидејќи симптомите се како обична настинка. Така почнува течење на нос, кивање, кашлица, течење на солзи коњуктивит, и преку тие капки детето е заразно за околината. Пример доколку оди во градинка од 10 деца, 9 ќе се разболат, толкав е процентот на заразност на овај вирус на морбили,“вели др.Николовска Мицовска.
Др.Николовска Мицовска им го честита Светскиот ден на здравјето на сите здравствени работници и упати апел до родилите
„ Јас како педијатар ги охрабрувам родителите, бидејќи ни е тема за имунизација велам вакцинирано дете е здраво дете. Ве молам вакцинирајте ги и носете ги редовно децата за имунизација од било која вакцина“, рече др.Николовска Мицовска.
Во 2018 и 2019 година во државата беше прогласена епидемија на морбили.












