Државната статистика за периодот јануари-јуни 2025 година пресметала зголемување на вкупниот број на туристи, но намалување има кај домашните, а зголемување кај странските гости, истото е и за бројот на ноќевања.
Бројот на туристите во јуни 2025 година изнесува 126 415, од кои 20.1 % се домашни туристи, а 79.9 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во јуни 2025 година изнесува 243 157, од кои 26.7 % се од домашните туристи, а 73.3 % од странските туристи.
Во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 13.5 %, односно кај домашните туристи има намалување за 2.5 %, а кај странските има зголемување за 19.7 %.
Во периодот јануари – јуни 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 8.5 % така што кај домашните туристи има намалување за 1.1 %, а кај странските има зголемување за 13.3 %.
Земји од кои дошле најмногу странски туристи во јуни 2025 година:
34. 366 од Турција
8. 897 од Србија
8. 011 од Германија
3. 604 од Холандија
Инаку во неформални разговори се има впечаток дека за разлика од претходните години бројот на нашите иселеници ова лето е намален, споредбено со годините по ковид пандемијата.












