ТЕРА

REKLAMA???

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во март 2025 година, во споредба со февруари 2025 година, е зголемен за 1.0 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во март 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.9 %.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – март 2025 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 6.2 %, додека во однос на декември 2024 година, е зголемен за 0.8 %.