ТЕРА

REKLAMA???

ЗЕЛЕНСКИ ВО АМЕРИКА КАДЕ ЌЕ ГО ПРЕТСТАВИ НЕГОВИОТ ПЛАН ЗА ПОБЕДА

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Соединетите Држави каде што на американскиот претседател Џо Бајден ќе му ги претстави деталите од неговиот „план за победа“ со цел да се стави крај на руската инвазија, уверувајќи дека оваа есен ќе биде одлучувачка.

„Пристигнавме во САД. Главната цел е да ја зајакнеме Украина и да го заштитиме целиот наш народ. Оваа војна може да заврши само со праведен мир благодарение на меѓународните напори“, напиша Зеленски на Х.

„Планот за победа на Украина ќе биде на масата на нашите сојузници“, додаде тој.

Во видео-пораката од авионот објавена на истата мрежа, Зеленски рече дека прво оди во американската сојузна држава Пенсилванија по „специјална порака“, пред Њујорк и Вашингтон.