Сеизмолошката опсерваторија на Македонија денеска информира дека во југоисточните делови од земјава утринава во 3 часот и 20 минути бил почувствуван земјотрес.
Епицентарот на земјотресот е во Грција, на полуостровот Атос, на 290 километри оддалеченост од Скопје.
Според Европско-Медитеранскиот Сеизмолошки Центар, полуостровот бил погоден од четири земјотреси, од кои за најсилниот биле измерени 5,0 степени според Рихтеровата скала и, епицентарот бил на отворено море, на околу 10 километри длабочина.
Засега нема предупредувања за цунами, ниту пак прецизни информации за штети.
ЗЕМЈОТРЕС КАЈ СВЕТА ГОРА












