ТЕРА

REKLAMA???

ЗЕМЈОТРЕС ОД 4 СТЕПЕНИ ПО РИХТЕР ГО ПОГОДИ САРАЕВО

Утрово во 9:22 часот регистриран е земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 17 километри северно од Сараево и бил на длабочина од 6 километри.

Засега нема информации за материјална штета предизвикана од земјотресот.

„Се тресеше во Сараево, прилично се тресеше“, „Кратко, но силно тресење“, „Опасно се тресеше“, „Два кратки удари, неполни четири секунди“, „Кратко, но јасно“, „Навистина се тресеше во Сараево“, напишаа жителите на Сараево во коментарите на страната на Европско-медитерански сеизмолошки центар.