На Државниот Куп на Македонија за кадети –јуниори и У21, КАРАТАЕ Клубот „Заншин до „-Битола настапи со 7 натпреварувачи во 7 категории и се закити со злато , сребро , две бронзи и 4 петти места . Во категоријата ката тим мажи кадети-јуниори со златен медал се закитија: Александар Божиновски, Михаил Марковски и Лазар Китани, во категорија ката тим жени се закитија : Надалина Талевска , Каја Темелковска и Илина Шобевска додека со бронзен медал во категорија јуниори мажи се закитија : Михаил Марковски и Александар Божиновски. Александар Божиновски , Михаил Марковски и Лазар Китани како ката тим обезбедија пласман за Светското првенство во Полска додека Надалина Талевска , Каја Темелковска , Илина Шобевска и Давид Стојчевски обезбедија пласман за Балканско првенство кое ќе се одржи во ноември .
ЗЛАТО, СРЕБРO И 2 БРОНЗИ ЗА КАРАТЕ КЛУБОТ ЗАНШИН ДО БИТОЛА












