ТЕРА

REKLAMA???

ИВАН МАРКОВСКИ ЈА ЗАПОЧНА ТРЕНЕРСКАТА АВАНТУРА ВО КИНА

Поранешниот репрезентативен капитен, денес успешен тренер, Иван Марковски ја започна својата тренерска авантура во Кина. Првиот македонски тренер кој ќе работи во најмногубројната земја на светот го одржа првиот состанок и тренинг во новиот клуб, Шандонг од Веихаи.

Марковски почнува нов предизвик, нов проект во женскиот ракомет во Кина и ќе се обиде да ги постави контурите во земја која е во развој во светот на ракометот. Битолчанецот веќе потпиша договор со еден од најдобрите кинески клубови на три и пол години, а во тек се разговори и со тамошната федерација нешто подоцна да ја преземе селекторската функција на женската репрезентација.

За Марковски ова не е прво интернационално искуство во женскиот ракомет, бидејќи претходно работеше во Франција како тренер на женскиот тим на Авенуа.

Како ракометар Марковски играше во Хрватска, Шпанија, Саудиска Арабија…