На Пелистер, истражувачите не мора да ја сретнат мечката за да дознаат нешто повеќе за неа. Понекогаш, доволен е еден примерок од она што го оставила зад себе.
GPS-локацијата, времето и состојбата на пронајдениот материјал се важни податоци за истражувачите. Двајцата ренцери го документираат наодот, го разгледуваат и земаат примерок од изметот, кој може да биде искористен за понатамошна генетска анализа.
Не станува збор само за утврдување дека на ова место поминала мечка. Примерокот може да помогне да се открие и која единка го оставила, а со собирање и анализа на поголем број примероци да се добие пореална слика за бројноста и распространетоста на кафеавата мечка. Наместо да ја бараат мечката,заловуваат и евентуално да се впуштат во борба со неа, таа сама оставила „поздрав“ – биолошки материјал за т.н неинвазивно испитување.
Токму ова е генетскиот мониторинг што годинава во започна Националниот парк „Пелистер“ за кафеавата мечка, а во сотработка со Македонското еколошко друштво и Министерството за животна средина во рамките на европскиот проект Life Din Pin Bear.
Изметот содржи ДНК-материјал, што значи биолозите може да направат генетски профил на мечката. Од разговорот при документирањето телевизиските екипи во тек на неодамнешното организирано патување на Пелистер разбраа дека оваа меца јадела јаболка, и дека поминала по истиот пат непосредно пред нив. Оваа меца можеби јала па се упатила кон своето легло за долготрајниот зимски сон.
Првичните резултати од генетскиот мониторинг на кафеавагта мечка се очекуваат во 2027 година, а дотогаш секој правилно собран и евидентиран примерок е уште еден дел од сложувалката за тоа колку мечки живеат на Пелистер и како го минуваат денот во својата природна средина.











