Во Битола денеска измерени беа максимални 32 степени.
Изолирана нестабилност на повеќе места во Републикава пратена со ретки грмежи и врнежи од дожд со различен интензитет.
До крајот на денот променливо облачно со локален пороен дожд и услови за грмежи. Во текот на ноќта нестабилноста ќе се намали.
Утре променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, особено попладне кога нестабилно ќе биде на повеќе места, локално и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Битола до 28 степени.












