Израелски тенкови и сили влегоа во градот Рафа, на југот од Газа, јавија палестински и египетски претставници.
Египетски функционер изјави дека се чини дека станува збор за операција од ограничен обем и дека израелските власти го информирале Египет дека војниците ќе се повлечат по завршувањето на операцијата.
ИДФ воспоставија контрола врз палестинската страна на преминот Рафа, соопшти израелското армиско радио.
Портпаролот на граничните власти на Газа изјави за британските медиуми дека контролниот пункт од палестинска страна е затворен поради присуството на израелски тенкови.












