ТЕРА

REKLAMA???

ИЗРАЕЛ ГО НАПАДНА ИРАН

Израел утрово соопшти дека го нападнал Иран, а иранските медиуми објавија дека во Техеран се слушнале експлозии. Нападот е извршен во време кога се зголемуваат тензиите околу напорите на САД да обезбедат согласност од Иран за запирање на неговата нуклеарна програма, пишува агенцијата МИА.

Израел соопшти дека прогласува вонредна состојба во очекување на напади со ракети и беспилотни летала од страна на Техеран.

Израелски воен претставник изјави дека Израел напаѓа „десетици“ нуклеарни и воени цели.

Двајца американски претставници, кои зборуваа под услов да останат анонимни, изјавија дека Израел започнал да извршува напади врз Иран и дека немало помош или вмешаност на САД во операцијата.

Си-Ен-Ен објави дека американскиот претседател Доналд Трамп свикал состанок на кабинетот.