Израелската армија соопшти дека започнала „ограничена и локализирана“ копнена операција против Хезболах во јужен Либан, јави ДПА.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) започнаа „целни копнени напади врз основа на прецизни разузнавачки информации“, соопшти армијата на социјалната мрежа Х.
„Целите се наоѓаат во села во близина на границата и претставуваат непосредна закана за израелските заедници во северен Израел“, се додава во текстот.
Копнените сили се поддржани од воздухопловните сили, кои изведуваат „прецизни удари“ врз воени цели во областа.
Сириската телевизија објави дека тројца цивили, меѓу кои и еден новинар, биле убиени во израелските напади во Дамаск рано утринава. Најмалку девет лица се повредени, според извештајот на државната телевизија.
Хезболах утринава лансираше пет ракети од Либан врз северен Израел. Некои од проектилите биле пресретнати, додека други погодиле ненаселени области, се наведува во соопштението на ИДФ.
МИА












