ТЕРА

REKLAMA???

ИЛИЕВСКА: СО 18.000 ГЛАСОВИ КОЊАНОВСКИ Е БЕЗ ЛЕГИТИМИТЕТ ОД ГРАЃАНИТЕ

Според прелиминарните резултати објавени од Државната изборна комисија ( ДИК ) кандидатката за градоначалничка Габриела Илиевска на локалните избори 2025 година освои 8.003 гласови. Тера Телевизија направи кус телефонски разговор за впечатоците од гласачкиот ден и резултатите.

 

ТЕРА: Како ги пречекавте изборните резултати ?

„Секогаш граѓаните го имаат последнниот збор, резултатите се тие , за жал од запишани околу 70 илјади гласачи излегле многу мал процент на гласање и сметам дека ова што е веќе завршена трка за градоначалник со само 18.000 гласови за градоначалник мислам дека е далеку од легитимно, меѓутоа како што кажав и на почетокот, граѓаните го дале гласот, одбрале која опција ќе ги води во следните четири години и секогаш се почитува нивниот глас. “

 

ТЕРА: И покрај острите дебати, дали честита на Коњановски?

„Не немаме никаква комуникација. Во овој момент ВМРО-ДПМНЕ си има апсолутно мнозинство, апсолутна власт и сметам дека тие ќе одлучат во која насока оди градот. Во овој момент тие ги имаа сите ресурси на располагање, сите советнички места кои носта одлуки и на нив е како и кои проекти ќе ги спроведувааат во следните четири години. Секако дека значи голема моќ, локална власт, централна власт, апсолутно мнозинство итн меѓутоа граѓаните им дале таква моќ, тоа е тоа што можам на крајот да го кажам.“

 

ТЕРА: Од каде Коњановски нелегитимен?

„Сметам дека град како Битола кој има запишани над 70 илјади добива градоначалник со само 18 илјади и сметам дека е далеку од легитимен. Меѓутоа моделот е таков каков што е и бројките се тие што се.

 

ТЕРА: ПОИНАКУ повеќе или помалку советници од 2021г?

ПОИНАКУ и за кандидат за градоначалник и за советничка листа покажа дека е втора политичка сила во градот, ги остави зад себе сите политички партии коишто беа дел од изборниот процес, во овој момент имаме плус советник од претходниот мандат и, мислам дека тоа што се нарекува грѓански активизам сепак доби многу голема поддршка. За жал недоволна за да биде фактор во одлучувањето и во донесувањето на одлуките.

ТЕРА: ПОИНАКУ во партија, Илиевска нејзина претседателка?

„ПОИНАКУ останува да биде независна иницијатива, тоа го кажавме уште пред осум години, јас останувам како дел од ПОИНАКУ и некој којшто е оснивач, меѓутоа многу далеку од она што се нарекува политичка партија.“

 

ТЕРА: Следните чекори на Илиевска во политиката ?

„Мислам дека е малку рано денеска на тие прашања да се одговори, сепак сеуште ги сумираме и бројките коишто ги имаме и оние податоци коишт ги добивме од изборите, меѓутоа во секој поглед гласовите коишто ги добив како кандидат се пред повеќе од седум политички партии коишто учествуваа во изборниот процес и единствена политичка партија којашто е пред ПОИНАКУ е само ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека тоа е многу голем успех и за мене како кандидат меѓутоа и за ПОИНАКУ. “

 

ТЕРА: Приговори до ДИК ?

Да бидам искрена до овој момент не сум имала контакт со нашиот претставник во ДИК, не можам да ви одговорам , но многу работи беа проблематични во самиот процес, меѓутоа за тоа во следните денови.