ТЕРА

REKLAMA???

ИЛИЕВСКИ ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ГИ СЛУШАЛА И ПОЧИТУВАЛА РАБОТНИЦИТЕ

Зборувајќи на прес конференција дека СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра, оти, како што рече Иливески ги слушаат и почитуваат работниците, потпретседателот на партијата кажа дека Владата била слепа за ситуацијата во која се наоѓаат илјадници работници, кои едвај го минуваат месецот.

„Затоа, СДСМ јавно ја изразува својата целосна поддршка на Синдикатите за зголемување на минималната плата на 500 евра! Ова не е само барање на работниците, ова е неопходно, ова е мерка која ќе им го олесни тешкиот живот на многу македонски семејства“ рече потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски.

Потсети дека еднаш го поднеле законот во Собранието, но дека не поминал.

„Ќе видиме кој ќе гласа „ЗА“ народот, а кој повторно ќе го сврти грбот на народот. СДСМ е и ќе остане гласот на работниците, на сите граѓани. СДСМ ги слушаше и почитуваше работниците, и сега е така“ рече тој.