По изјавата од говорницата на Советот на советничка од СДСМ дека „живи се изедоа што го гласале ребалансот“, денеска го прашавме советникот и координатор на СДСМ, Методија Илиевски, дали тоа е личен став на советничката, на советничката група на СДСМ или на партијата.
„Ние одредени одлуку кои ги имаме изгласано, односно поддржано во овој Совет во изминатиот период се со цел за да не бидеме обвинети дека сме кочничари или претставени како опструкционери во нашиот град.
А, сме понекогаш, на битолски кажано пишман што ги имаме изгласано некои одлуки, заради тоа што очигледно дека се трошат парите во Општина Битола, секојдневно се отворени јавните набавки, а до сега во нашиот град во изминатиите три години не е изграден ниту еден капитален објект, а парите се трошат“ вели Илиевски.












