ТЕРА

REKLAMA???

ИМ ПОРАЧА ДА БИДАТ ЧЕСНИ, ДОСТАПНИ И ТРАНСПАРЕНТНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ што се одржа во Штип, испрати порака до нив, дека нивниот мандат е договор со граѓаните.

„Сакам да им порачам на сите градоначалници, и оние што се реизбираат и оние што првпат застануваат пред народот: вашиот мандат е договор со граѓаните. Службата е чест, но и обврска. Да бидете транспарентни, достапни, чесни, и да мерите сè со резултати, а не со зборови. Вашето досегашно искуство да го претворите во предност, а вашата визија и програма да ги претворите во реални дела и проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните. Тоа е нашата заедничка мисија и цел“ рече Мицкоски.