ТЕРА

REKLAMA???

ИНОВАТИВЕН ПРОСТОР НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ВО БИТОЛА

Во Битола од денеска функционира и нова продавница на Телеком. Познатото место на Широк Сокак повеќе не е седиште на оваа реномирана телекомуникациска компанија. Сега може да ги најдете во Поштата, нивната позната стара локација, во која се ќе функционира според нов концепт за поблиска и поедноставна комуникација со граѓаните кои се нивни корисници.

Македонски Телеком отвори продавница во Битола, со иновативен и мултифункционален простор на површина од над 150 м² и на нова локација, во зградата на Телеком.   Новата продавница претставува вистински искуствен простор за корисниците, создаден за едукација, инспирација и поврзување со заедницата. Новата Телеком простор е повеќе од малопродажна единица и по својот концепт прераснува во место за соработка, заедничко креирање, споделување.

Целта на новиот простор е да ја модернизира корисничката услуга и да создаде поотворен, партнерски однос без бариери меѓу продажните агенти и корисниците. Наместо класичен шалтерски пристап, агентите ќе користат лаптопи и ќе седат до корисниците, овозможувајќи порамноправна и попријатна  комуникација.

„Со новата продавница во Битола отвораме едно ново поглавје во начинот на кој комуницираме со нашите корисници. Ова не е само место за продажба, туку простор за инспирација, учење и заедничко создавање. Веруваме дека токму ваквите искуства ја прават технологијата поблиска, поразбирлива – вели Емилија Андоновска, комерцијален директор за приватни корисници на Македонски Телеком.

Овој пристап ја рефлектира ориентацијата на Телеком кон персонализирано корисничко искуство, со фокус на доверба, персонализирана грижа и инклузивност.

Предвидени се флексибилни зони за консултации и интерактивни демонстрации и можности за AR (Augmented Reality) и IoT искуства, gaming и podcasting активности. Тие што денеска беа дел од свеченото отворање ја имаа можноста да ги искусат овие активности и многу други. Внимание привлече наградната игра којашто се одвива на најстариот можен начин – со тркало на среќата. Денеска и утре за корисниците на услугите Телеком организира и промоција на телефони по популарна, рекламна цена.

Емилија ни зборуваше и за тоа дека со кориснисите нема да бидат само на строг деловен однос, а за тоа во новиот простор има и Кафе Телеком – катче кадешто навистина со кафе и вода ќе се зборува за сите услуги што ги нуди компанијата – од телевизија , интернет,  до телефонија.

Новата продавница на корисниците им носи повеќеслојна вредност, повеќеслојна вредност за посетителите. Најпрвин Ја зајакнува довербата и задоволството на корисниците; Промовира отворен дијалог и персонализиран пристап; Ја прикажува Телеком како прогресивен бренд кој го позиционира корисникот во самиот центар; Создава услови за општествена поврзаност на Gen Z, средната генерација и повозрасните луѓе во партнерства што ја промовираат дигитална култура и одржливоста.

На искуството, интеракцијата и отворениот, партнерски однос, а не само на производите денеска од Битола беше испратена пораката дека:

Телеком го позиционира корисникот во центарот и создава заедница.