До утрово најмног дожд со 54 л/м 2 наврна во Ѓуриште, 21 Кр.Паланка, 17 Тетово, 8 Пожаране, 7 Битола, Виница, 5 Прилеп, Крушево, 4 Штип, 3 Скопје Зајчев Рид, Охрид, 2 Д.Капија, Берово, 1 Струмица, Маврово.
Во првиот дел од ноќта беше нестабилно со грмежи и појава на пороен дожд во скопско и во поголем дел на североистокот. До изутрина преовладуваше малку до умерено облачно, а утринава во поголемиот дел од земјава има значителна ниска облачност. Утрово дуваше и слаб ветер со променлив правец.
Во текот на денот променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд кој преку денот ќе се прошири од запад кон исток и ќе биде проследен со грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголемо количество воден талог), електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени. Во Битола до 25 степени.
Утре и во вторник во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен
пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време












