Во Битола не само што има кафе култура, туку кафето е дефиницијата за начинот на живот на градот. Битола се смета за „престолнина“ на кафето во Македонија, каде овој пијалак има статус на култ, социјален ритуал и уметност на живеењето.
Горко, благо или „шербет“ каде, се е препорачано. Во градот од времето на Отоманската империја се отвориле првите кафулиња. Конзулите на големите земји го практукувале своето конзулство за да бидат видени и да соберат информации за своите држави.
Еве неколку помалку познати, а необични приказни во светот поврзани со кафето.
Според најпозната легенда, кафето било откирено во Етиопија, околу 9 век од козар по име Калди. Тој забележал дека неговите кози стануваат невообичаено хиперактивни и буквално „танцуваат“ откако ќе изедат некои црвени бобинки од одредена грмушка. Кога првпат бобинките биле фрлени во оган и го пуштиле својот мирис, луѓето веќе го резеле задоволството за себе. Сепак легендата за танцувачките кози останала.
Пред луѓето да сфатат дека можат да го пијат кафето како течност, тие всушност го јаделе! Во античките африкански племиња (особено кај народот Оромо во Етиопија), луѓето ги дробеле зрната кафе и ги мешале со животинска маст или сланина. Ги ставале во сланина и формирале мали топчиња што ги носеле на долгите патувања како храна за брз наплив на енергија. Можеби тука некаде е и историјата на енергетските пијалаци, но, тоа е друга приказна.
Како вековите минувале, така луѓето станале вистински зависници од пријатното чувство на мирисот и вкусот на кафето. И било многу вреднувано, па според некои од обичајните закони во Турција стоела норма во која се вели дека жената имала право да побара развод од својот маж доколку овој не бил во можност да и обезбеди доволнаи редовна количина кафе.
Уште една необична приказна е поврзана со италијански монаси. Монасите Капучини. Овие монаси носеле специфични кафеави мантили со големи качулки. Кога во Италија почнало да се пие еспресо измешано со топло млеко, луѓето забележале дека бојата на пијалакот е идентична со бојата на облеката на монасите и така се родило името Капучино.
Кога кафето првпат пристигнало во Европа во 16 век, свештениците биле сомнителни и го нарекувале „горчливиот изум на сатаната“, сметајќи дека тоа е муслиманска замена за христијанското вино. Работата отишла толку далеку што од Папата Клемент VIII било побарано официјално да го забрани пијалакот. Меѓутоа, пред да донесе одлука, Папата побарал да го проба. Откако отпил една голтка, тој бил толку воодушевен од вкусот што рекол: „Овој ѓаволски пијалак е толку вкусен што би било штета да го пијат само неверниците. Ајде да го крстиме и да го направиме вистински христијански пијалак!“












