ТЕРА

REKLAMA???

ПЕТМИНА ИНТЕРНИСТИ ОД КЛИНИЧКА ОБВИНЕТИ ЗА НЕСОВЕСНА РАБОТА

ОСНОВНОТО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО БИТОЛА ПОДНЕСЕ ОБВИНИТЕЛЕН ПРЕДЛОГ ПРОТИВ ПЕТМИНА ЛЕКАРИ-ИНТЕРНИСТИ ОД КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА „Д-Р ТРИФУН ПАНОВСКИ“, КОИ СЕ ТОВАРАТ ЗА ТЕШКИ ДЕЛА ПРОТИВ ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО, СО СМРТЕН ИСХОД.

Според обвинението, лекарите во периодот од 28 мај до 4 јуни 2024 година несовесно лекувале 40-годишна пациентка на Одделот за интерни болести, при што, како што наведува Обвинителството, пропуштиле навремено да ја утврдат нејзината вистинска здравствена состојба и да преземат соодветно лекување. Пациентката била упатена на болница поради сомневањата на матичниот лекар за постоење на воспалените на вени – тромбофлебитис. Но прегледот во битолското интерно одделение не бил целосно направен,немало целосна анамнеза, ниту детални анализи, а поставената дијагноза била ревматоиден артритис. Била пратена дома.

Обвинителството тврди дека на тој начин не била навремено откриена тромбозата, ниту била дадена соодветна терапија, со што била пропуштена можноста за навремено спречување или ограничување на тромботичниот процес.

На 1 јуни 2024 година, пациентката повторно се јавила во болницата со силни болки во стомакот и влошена општа состојба. Иако била хоспитализирана, во следните четири дена, според обвинението, и покрај абнормалните лабораториски и биохемиски наоди, не биле преземени дополнителни дијагностички испитувања за да се утврди причината за влошувањето и да се одреди соодветна терапија.

На 4 јуни, пациентката побарала помош во приватна клиника во Скопје, каде била примена во тешка општа состојба.

При итниот хируршки зафат била утврдена тромбоза на горната и долната мезентерична артерија, со целосна гангрена на тенкото и дебелото црево. Според обвинителството, состојбата веќе била неоперабилна.

Пациентката починала на 5 јуни 2024 година.

Обвинението е поднесено по спроведена претходна постапка и обезбедени докази.