ТЕРА

REKLAMA???

КАЦ СООПШТИ ДЕКА ИРАН ОДЛУЧИЛ ДА ГО НАПАДНЕ ИЗРАЕЛ

САД испратија конзистентни пораки преку својот дипломатски ангажман, охрабрувајќи ги другите земји да му пренесат на Иран дека предизвикувањето ескалација на Блискиот Исток не е во нивен интерес, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен денеска разговараше со премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, како и со шефот на египетската дипломатија, Бадр Абделати, за тензиите на Блискиот Исток, додаде Милер на прес-конференцијата.

Милер не прецизираше дефинитивно дали пораките на Вашингтон се пренесени до Иран, пренесоа британските медиуми.

Иран одлучи да го нападне Израел, објави израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац, пишува „Џерусалим пост“.

Израелскиот весник наведува дека пораката на Иран на Израел му била пренесена преку унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, кој директно му се јавил на Кац за да објасни дека оваа информација ја добил од вршителот на должноста министер за надворешни работи на Иран, Али Багери.

-Иран не информираше дека има намера да го нападне Израел, рече Кац, додавајќи дека „светот треба да бара цена од Иран за секоја агресивна акција што ќе ја преземе“