Кошаркарите на Пелистер во неизвесен натпревар загубија од третопласираниот тим на табелата во АБА2 лигата, Хелиос со 85-81. Блаж Махковиќ со 32 поени беше најдобриот поединец во таборот на победникот, додека кај Пелистер, Малешевиќ заврши со 18 поени, а Караџовски уфрли 12.
В сабота во последниот дуел од „балонот“ Пелистер ќе се сретне со Спарс Сараево.
Дејан Илиевски
(помошник тренер на КК Пелистер)
Честитки за екипата на Хелиос Санс за победата, но и за моите кошаркари кои демонстрираа добар натпревар. Мислам дека клучно беше што во завршницата имавме неколку избрани шутеви и мислам дека тоа беше одлучувачки.













