Кошаркарите на Пелистер засилено се подготвуваат за новата сезона во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. По серијата секојдневни тренинзи, в четврток битолчани заминуваат на подготвителен турнир во Плевен.
Битолчани ги сменија странците, а во клубот се вратија неколку кошаркари од школата. Хаџифејзовиќ, Мустафица, Сапунџиев, Јовановски, Ристовски, Двојаковски и Американците Донтеј Карутерс и Рајл Овенс се новајлиите во тимот на Пелистер.
Дресот на клубот повеќе нема да го носат: Кесар, Малешевиќ, Крстајиќ, Хотон, Младеновиќ и Ѓуроски.












