Од неговиот роден град Рованиеми, во Лапонија, Дедо Мраз се подготвува за Божик. Но, по најтоплото лето што Финска го има забележано, овој ноември има рекордно високи температури од 11 степени целзиусови, а на повидок нема ни една снегулка, објави AFP.

„Гледаме дека климатските промени се вистински“, тажно вели Дедо Мраз, седејќи во својата фотелја. „Тоа влијае на ирвасите. Влијае на животот овде во Арктикот. Минатата година на овој ден имавме многу снег и температура од – 12 степени“
Во туристичкото Село на Дедо Мраз, посетителите се обидуваат да ја почувствуваат божикната магијата, иако нема снег, а дождот не престанува да паѓа.
Фото: скриншот / АП












