ТЕРА

REKLAMA???

КОЗАРОВ: ЗАДОВОЛЕН СУМ ОД ДИНАМИКАТА СО КОЈА СЕ ИЗВЕДУВА ТОПЛИФИКАЦИЈАТА

Во Актуел на Тера со Горан Козаров управител на ЕСМ топлификација Битола, зборуваме за реализацијата на проектот за топлификација на Битола.

Цевките од топловодот стигнаа на улица „Бурса“, во индустрискиот дел од Битола. Вели дека е задоволен од динамиката со која се изведуваат работите, заради тоа што со работите се шест месеци понапред од предвиденото.

„Граѓаните треба да добијат греење од топловодот во 2025 година спрема проекциите и динамиката со која се одвива изведбата на топловодот. Знаеме дека ова е желба на битолчани од поодамна, уште кога се градеше РЕК Битола, имаше таква идеја. Идејата станува проект во не така поодминато време 2012-2013 година се отпочнати работите како идеја, а во 2018-2019 година почнува интензивно да се работи на овој проект и со доаѓањето на Васко Ковачевски на чело на ЕСМ, почнува изведбата и реализацијата на топловодот“ вели Козаров.

Топловодната мрежа низ Битола е вториот дел на изведбата на примарните цевки.

„Со влезот од Битола 5, тоа е некаде кај населбата Јени Маале, значи во делот кај железничката линија, поминуваме под пругата и на таа обиколница кај Јени Маале цевководот се дели во две насоки, лево и десно по обиколницата. Едниот крак оди по улицата „Иван Милутиновиќ“ и булеварот „1 мај“ нагоре о Црн Мост, а другиот дел оди по улицата „4-ти Номеври“, покрај училиштето „Коле Канински“ и продолжува по улицата „Партизанска“ нагоре се до кружниот тек кај „Веро“ објаснува Козаров.

Во оваа изведба предвидено е да се поврзат 35 институции, општински и државни институции, градинки, училишта, судови, болницата, спортската сала. Ова е многу битен момен и од еколошки аспект, вели Козаров.

Заедно со општината ќе треба да се работи околу враќањето на поранешните котлари, да се вратат во функција, да се оспособат и да почнат да работат.

„Клучен фактот кога ќе влеземе во градскиот дел има и општината, немаме до сега проблеми и се надевам дека нема да има, бидејќи ова е заеднички проект за граѓаните на Битола, очекувам соработка“ вели тој.