ТЕРА

REKLAMA???

КОРЛЕВСКИ СО КОНТРАРЕАКЦИЈА НА ЃОРЃИЕВСКИ

По објавата на советникот Ѓорѓи Ѓорѓиевски, советник од ВМРО ДПМНЕ на документите што беа набавени со барање за слободен пристап до информации од јавен карактер, за тоа каква е финансиската состојба на Општина Битола и дека Општина Битола е во одлична финансиска кондиција, на својот Фејзбук профил се огласи и советникот од СДСМ, Борче Корлевски.

„Бидејќи колега Ѓорѓиевски сам себе се прозива, а не е прашам добро би било тоа што му го напишале да провери дали е како што треба?

Ќе започнеме од почеток:

Што тоа лажиме? Што бараме информации од јавен карактер колега Ѓорѓиевски?

1. На 05.06.2023 год. “наводно” си доставил барање за информации од јавен карактер и истиот ден ти одговориле сите служби!

– Во мојот денешен случај не е добив ист третман од Општина Битола. Денес 07.06.2023 година доставив барање од Јавен карактер и не ми одговорија на барањето денес, ама јасно му е на граѓаните кога покажувате сила ама ви фали знаење.

2. Во барањето имате наведено дека покрај е-маил и телефонски ве контактирале и тоа ќе го провериме.

3. Кога говориш за право и математика те разбирам потполно дека слабо ти оди но не се возбудувај кога пишуваш и за постови на ФБ особено на твојот закључок:

“на лагата кратки и се ноЅете”

– НоЗете колега, се пишува со З во множина од Нога, Нозе, Нозете.

– 99% од твоите сопартијци членови на ВМРО-ДПМНЕ го знаат ова и не се чуствуваат пријатно кога читаат кој им е претставник во советот на Општина Битола“ напиша Корлевски.