ТЕРА

REKLAMA???

КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКСКА: ПЛАТИТЕ ВО КУЛТУРАТА СЕ ДАЛЕКУ НАД МИНИМАЛНАТА

Најактуелно во сферата со културата е спорот со синдикатите од културата кои бараат да се зголеми платата, но од друга страна пари нема оти тоа зголемување на платите би го чинело буџетот 4,5 милиони евра.

-Дијалогот со синдикатите продолжува оти решение мора да се најде. По дури 19 години е потпишан колективниот договор. Од 2017 година платите во културата се зголемени ќетири пати. Верувам дека со синдикатите ќе изнајдеме решение, но сепак се работи за плати кои се далеку над минималната. Само три струки од технички карактер во културата имаат плати помали од минималната и ќе се усогласат, вели Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерка за култура.

Неодамна на прес-конференција на СДСМ беше соопштено дека во овие четири и пол години, платите во културата се зголемени за околу 120 отсто. Притоа кажаа дека актер од втора група има плата од 39.735 денари, актер првенец зема 52.061 денар.