ТЕРА

REKLAMA???

КОСТОВ ПРОЗИВАШЕ, ПЕЛИСТЕР ПОЧНА СО ТРОЈЦА НОВАЈЛИИ

Со три нови имиња и две приклучувања од младинскиот погон, најголемиот фаворит во Втората лига, битолски Пелистер попладнево ги започна подготовките за новата сезона. Покрај напаѓачот Симеон Христов, нови имиња во клубот од Битола се младите Марио Дебрешлиоски и Давид Јошески од Караорман. Двајцата имаат 21 година и со ентузијазам доаѓаат во новата средина. Кон сениорскиот тим се приклучени Андреј Силјановски, Габриел Крстевски и Натаниел Димовски.

Комплетно нов е и стручниот штаб, со Влатко Костов како шеф на стручниот штаб, Вангел Алтипармаковски како негов асистент, Горан Пашовски како тренер на голмани и Саше Велјановски како кондиционен тренер.

Уште по моето назначување кажав дека уште од првиот ден ќе мислиме како да се вратиме во Првата лига, затоа што се останато е излишно да се зборува. Не треба да се занимаваме со историјата, туку да ја гледаме иднината и самите да си ја зацртаме. Спортска Битола, навивачите, јавноста го очекува тоа, мораме и ние исто да размислуваме.

Тимот не се промени многу, по моето назначување беа ослободени некои играчи од тука. Имаме и две млади пополнувања, пред да дојдам. Откако дојдов јас направивме да дојде Симеон Христов. Им кажав и на играчите, нема да сум човек кој ќе брза и да прави бројка на играчи, туку барам играчи кои ќе бидат носители на играта и ќе донесат квалитет и разлика. Битола има млади квалитетни играчи, а ние ќе донесеме имиња за кои сметаме дека ќе бидат засилувања и ќе има здрава конкуренција. Во сите линии на тимот ние ќе бараме уште најмалку по еден играч“, изјави Костов.